Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Чуфај, Беќе

cufaj_beqe
© Joachim Röhm
Беќе, Чуфај, роден 1970 год. во Дечани (Косово), студирал јазици и книжевност во Приштина, а по завршувањето на студиите заминал за Германија. Во 1999 год., по почетокот на војната во Косово, објавува книжевни есеи во значајни германски дневни весници. По завршувањето на војната на шест месеци се враќа во татковината, за како директор на фељтонот да ја потпомогне обновата на весникот ,,Коха Диторе“. Од 2000 год. повторно живее во Германија, каде што покрај својата писателска дејност, пишува и за меѓународни весници (,,Франкфуртер Алгемајне“, ,,Зиддојче“, ,,Ди Цајт“, ,,Куриер Интернасионал“ и др.). Во 1996 год. Беќе Чувај  под наслов ,, 205“ објави збирка со куса проза и песни (,,Дукаџини“, Пеќ). Есента 2003 год. во Приштина излезе и неговиот роман ,, Shkëlqimi i huaj“.