Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Киш, Данило

kis_danilo
© Isolde Ohlbaum

Данило Киш е роден 1935 год. во Суботица како син на еден унгарски Евреин и една Црногорка. Детството го минал во Нови Сад, сè до 1942 год., кога морал да пребега кај роднини на татко му во Унгарија. Благодарение на тоа што во 1939 год. родителите го покрстиле, можел да го избегне холокаустот, меѓутоа татко му сепак во 1944 год. го депортирале во Аушвиц. По војната студирал теорија на книжевност во Белград и започнал да преведува од унгарски, француски и руски јазик. Истовремено објавува бројни песни, есеи и раскази, а подоцна и романи и збирки раскази. Во 1979 год. заминува за Франција, каде што предава српско-хрватски јазик во повеќе градови. Данило Киш почина 1989 год. од рак на бели дробови.