Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Мусабеговиќ, Јасмина

musabegovic_jasmina
© pen bih
Јасмина Мусабеговиќ, родена 1941 год. во Вогошча кај Сараево (Босна и Херцеговина), завршила јужнословенски книжевности и француски јазик на Филолошкиот факултет во Сараево. Била на двегодишен престој во Париз, каде што како стипендистка на француската влада пишувала  книга за делото на српскиот писател Растко Петровиќ. Јасмина Мусабеговиќ објавува романи, есеи и книжевни критики и преведува од француски јазик. Во центарот на нејзините романи се наоѓа жената во Босна и Херцеговина. Живее во Сараево и работи како уредничка во издавачката куќа ,,Свјетлост“.