Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ленголд, Јелена

lengold_jelenaЈелена Ленголд, поетеса, раскажувач и романописец, е родена 1959 год. во Крушевац (Србија). Има објавено бројни збирки поезија и збирки раскази, како и романот ,,Baltimor“. За збирката поезија ,,Sličice iz života kapelmajstora“ ја добива наградата ,,Џура Јакшиќ“, а збирката раскази ,,Vašarski mađioničar“ беше овенчана со повеќе признанија: ,,Женско перо“, ,,Билјана Јовановиќ“ и ,,Златен Хит Либер“. Јелена Ленголд  е застапена во повеќе антологии и збирки на современа српска книжевност, нејзините дела се преведени на англиски, италијански, француски, дански, бугарски, романски, македонски, руски, украински и чешки јазик. Таа живее и работи во Белград.