Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Стојадиновиќ, Марија-Јоана

stojadinovic_marija
Maрија-Јоана Стојадиновиќ, родена 1951 год. во Сливен (Бугарија), завршила Музичка Академија во Белград, а потоа се доквалификувала како театарски новинар. Од 1978 год. работи како новинар, била коресподент за Бугарското државно радио, за радио ,,Дарик“ и за други бугарски медиуми, има работено за бројни списанија и повеќе пати учествувала на фестивалот за драматургија ,,Стеријно позорје“ во Нови Сад. Од српски јазик, меѓу другото, ги има преведено Душан Ковачевиќ, Владислав Бајац, Драган Великиќ, Светислав Басара, Јовица Ачин, Бранислав Нушиќ, Стеван Пешиќ и Момо Капор, од бугарски јазик Алек Попов, Георги Господинов, Валери Петров, Антон Старсимиров, Иван Вазов и Екатерина Јосифова и др. Член е на Здружението на книжевни преведувачи, на Здружението на стручни и научни преведувачи на Србија и на Здружението на новинарите на Бугарија. Живее и работи како слободна уметница во Белград.