Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Селими, Јанка

selimi_jankaЈанка Селими, родена 1935 год. во Добрич (Бугарија), завршила руски јазик на универзитетот во Москва. Четири години работела како преведувачка од бугарски јазик во Радио Тирана и предавала руски и албански јазик на тамошниот универзитет. Јанка Селими преведува од бугарски, македонски, руски, српски и хрватски јазик. Кон нејзините публикации се вбројуваат кусите раскази од авторите Стефан Цанев, Јордан Јовков, Блага Димитрова, Боја Биолчев и Александар Томов, како и преводите на албански јазик на Hotel Grand (Ренато Баретиќ), Fosforne brojanice (Јован Николаидис) Естествен роман (Георги Господинов) и Hansenova djeca (Огнен Спахиќ). На бугарски јазик ги има преведено Gjarpri i Shtëpisë (Аријан Лека).