Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Predator

arsenijevic_predatorГлавната идеја на романот на Владимир Арсенијевиќ е да го прикаже свирепиот и бесмислен свет, во којшто луѓето меѓусебно се разјадуваат, метафорично и буквално. Убедливо претставувајќи ги искуствата на протагонистите авторот ни нуди корпус од актуелните случувања и проблеми, коишто ни се блиски или само навидум ни се чинат далечни, раскажувајќи сложена приказна и мајсторски структурно развивајќи го делото. Една од клучните приказни во романот носи наслов ,,Без корен“, бидејќи токму бескореноста е лајтмотивот на делото и сврзната нишка на сите протагонисти во него.

Романот ,,Predator“ [,,Предатор“] од Владимир Арсенијевиќ излезе на албански јазик (извадок) во превод на Бинак Улај под наслов ,,Predatori“ во издавачката куќа ,,Коха“, Приштина.