Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кохен, Леа

cohen_lea
© Paul Zsolnay Verlag
Леа Кохен родена 1942 год во Софија, завршила студии по пијано во родниот град и историја на музика во холандскиот град Утрехт. Била пијанистка и професор во Филхармонијата на Софија. По пресвртот во 1989 год. работи како публицист, а подоцна станува амбасадор во Белгија, Луксембург, Швајцарија и Лихтенштајн. Денес живее во близина на Нојшато во Швајцарија и во Софија. Леа Кохен е автор на бројни книги, меѓу кои и на романот ,,Консорциум Alternus“, кој со финансиска поддршка на ТРАДУКИ беше објавен на германски јазик.