Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Анасташеску, Андреј

anastasescu_andreiАндреј Анасташеску е роден 1981 година во Рамнику-Валчеа (Романија). Студирал германистика, холандски јазик и книжевен превод во Букурешт и работел како лектор во издавачка куќа. Денес живее како слободен преведувач на германска и холандска книжевност во Букурешт. Од германски има преведено книги од: Кристијан Крахт, Никлас Луман, Петер Слотердијк, Валтер Бенјамин, Џени Ерпенбек и Улрих Пленцдорф. Во 2009 и 2015 година беше добитник на стипендијата „Schritte“ на фондацијата С. Фишер, а во 2014 година на стипендијата за преведување Лоорен.