Георги Господинов, роден 1968 год. во Јамбол (Бугарија), завршил бугарска филологија во Софија. Објавува поезија и проза, редигира едно книжевно списание, пишува колумни во дневниот весник ,,Дневник“ и работи во Институтот за книжевност на Бугарската академија на Уметностите. Успеси бележи и како автор на пиеси и сценарија.
Во 1992 год. Георги Господинов дебитира со збирката поезија ,,
Лапидариум“, по којашто во 1996 год. следува уште една збирка поезија. На меѓународната публика ѝ стана познат со својот прв роман ,,
Естествен роман“, којшто беше преведен на многу јазици.