Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ковач, Мирко

kovac_mirko
© Jakob Goldstein
Мирко Ковач, роден 1938 год. во Петровиќи кај Никшиќ (Црна Гора), студирал драматургија на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Кон крајот на 80-тите години се преселува во Хрватска и од 1991 год. живее во Ровињ. Автор е на бројни романи, раскази и есеи, како и филмски и телевизиски сценарија. Неговите книги, меѓу другото, се преведени на германски, француски, италијански, холандски, полски и унгарски јазик. Мирко Ковач е добитник на многубројни признанија, меѓу кои шведската награда ,,Тухолски“ (1993), наградата за книжевност ,,Хердер“ (1995), наградата ,,Меша Селимовиќ“ (2007), хрватската награда ,,Владимир Назор“(2008) и највиското одликување на Црна Гора наградата ,,Тринаесетти јули“(2008).