Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Вагенштајн, Ангел

wagenstein_angel
© C. Bertelsmann Verlag
Ангел Вагенштајн е роден 1922 год. во еврејско занаетчиско семејство во Пловдив/Бугарија, а детството го минува во Франција. За време на Втората Светска војна како затвореник во еден работен камп за малку ја избегнува смртта. По војната студира филмска драматургија на Школата за филмски уметности во Москва и е еден од коосновачите на бугарскиот филм. Авторот на повеќе од 50 сценарија е добитник на бројни признанија. ,,Сбогом, Шанхай“, неговиот трет роман ја доби наградата за европска книжевност ,,Жан Моне“.