Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Фрам, Томас

frahm_thomasТомас Фрам, роден 1961 година во Дуизбург, студирал географија и од 2000 година живее во Дуизбург и Софија. Пишува поезија и раскази, како и статии и есеи на бугарски теми, а стана познат и како преведувач. Кон неговите преводи, меѓу останатите, се вбројуваат и книги од: Владимир Зарев, Леа Кохен, Ангел Вагенштајн и Милена Кирова. Освен тоа приредил антологии на бугарска литература и е автор на две книги за Бугарија: Die beiden Hälften der Walnuss: Ein Deutscher in Bulgarien и Oh, Bulgarien: Land und Leute, Kultur und Gesellschaft.