Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Спахиќ, Огњен

spahic_ognjenОгњен Спахиќ, роден 1977 година во Подгорица, се вбројува во еден од најзначајните црногорски писатели од својата генерација. Неговата прва збирка куса проза Sve to излезе 2001 година. По неа следуваа книгите Zimska potraga (2007) и Puna glava radosti, за која во 2014 година ја доби Книжевната награда на Европската унија. Огњен Спахиќ стана многу познат сепак уште 2005 година, кога неговиот роман Hansenova djeca беше одликуван со реномираната награда Меша Селимовиќ. Оттогаш Hansenova djeca е објавен во превод на француски, унгарски, арапски, италијански, англиски, словенечки, македонски и романски јазик. Понатамошни романи беа објавени во 2015 (Masalai) и 2017 година (Calypso).