Печати

Сореску-Маринковиќ, Анемарие

sorescu_marinkovic_annemarie
Анемарие Сореску-Маринковиќ е родена 1978 год. во Питешти (Романија). Студирала романски и англиски јазик на Филолошкиот факултет во Темишвар, а докторирала 2010 год. во Клуж-Напока. Моментално живее во Белград. Работела како уредничка во Tемишвар, предавала романски јазик на Филолошкиот факултет во Белград, а од 2006 год, работи како научен истражувач на Институтот по балканологија на Српската академија на науките и уметностите.

Анемарие Сореску-Маринковиќ меѓу другото ги има преведено и романите ,,Kutija od orahovog drveta“ од Никола Милошевиќ (2004) и ,,Hansenova djeca“ од Огњен Спахиќ (2010) на романски јазик.