
Во рајската планинска земја Босна културите со столетија ги вкрстувале ножевите. Дури откако конфликтите ќе ескалираат, откако ќе се вжешти и повторно ќе стане предоцна, Босна и Херцеговина ќе се најде во центарот на вниманието. Но, сепак помеѓу војните има живот, меѓу војните цути поезијата ... Збирката поезија од Хаџем Хајдаревиќ нè поканува со разбудени сетила и отворени срца да потонеме во море од бои, мириси и звуци за секој ден, секој час, секоја секунда да можеме да го перцепираме животот во сета негова полнотија.
Двојазичната збирка поезија ,,
Land, das es nicht gibt“ [„Земја, којашто не постои“] од
Хаџем Хајдаревиќ беше објавена за Саемот на книгата во Лајпциг. Преводот на германски јазик (
извадок) го направија
Aстрид Филипсен и
Корнелија Маркс, во соработка со писателот и поет
Aндре Шинкел.