Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Маркс, Корнелија

marks_cornelia
Корнелија, Маркс, родена 1969 год. во Ерфурт, студирала славистика и германистика на универзитетот ,,Мартин Лутер“ во Хале/Витенберг и еден семестар на универзитетот ,,Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија. Од 2003 год. преведува поезија и проза од хрватски, српски, босански и македонски јазик. Од 2007 год. живее и работи во Хале/Зале како слободен книжевен преведувач, лектор и јазичен медијатор на Психо-социјалниот центар за мигранти во Саксонија-Анхалт (ПСЦ). Досега на германски јазик има препеано текстови од Миле Стојиќ, Хаџем Хајдаревиќ, Стеван Тонтиќ, Фарух Шехиќ, Ферида Дураковиќ, Амир Брка, Милош Црњански, Бранко Миљковиќ, Гордана Чирјаниќ и Борислав Радовиќ. Збирката поезија „Promotivni spot za moju domovinu“ на босанската авторка Адиса Баѓиќ, 2012 год. во превод на Корнелија Маркс под наслов „Ein Werbespot für meine Heimat“, објавена како двојазично издание во „Визер“, е добитник на книжевната наградата за книжевност на Банк Австрија „Литерарис 2012“.

Заедно со писателот Aндре Шинкел, којшто од 2001 год. ѝ помага во препевите на поезија од босански, српски и хрватски поети, соработуваше како преведувачка во преводот на збирката поезија ,,Земја,каква што не постои“.

Понатамошни информации и досега објавени текстови: www.literarni-most.de