Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Милер, Хајнер

mueller_heiner
© Hubert Link
Хајнер Милер е роден 1929 год. во Епендорф. Во 1950 год. се преселува во Источен Берлин, каде што најпрвин работи како новинар, а потоа и како драматург. Во средиштето на неговите ,,Приказни од продукцијата“, како што ги означува своите дела, во духот на Брехт, се проблемите на изградбата на социјалистичкото општество. Во 1961 год. беше исклучен од Здружението на писатели на ГДР, по што првенствено се навраќа на антички и класични теми и ги преработува Софокле и Шекспир. Од 1970 до 1976 год. работи како драматург во ,,Берлинер Ансамбл“. Хајнер Милер почина 1995 год. во Берлин. Признанија:  Наградата ,,Хајнрих Ман“ (1959, заедно со Инге Милер), наградата ,,Лесинг за ГДР“(1975), наградата ,,Георг Бихнер“ (1985), Првостепената национална награда за уметност и култура (1986), наградата ,,Клајст“ (1990), ,,Европската театарска награда“ (1991), ,,Театарската награда Берлин“ (1996, постхумно).