Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Суљагиќ, Емир

suljagic_emir
© Nino Maričić

Емир Суљагиќ, роден 1975 год. во Љубовља (Србија). Во април 1992 год. заедно со илјадници други Бошњаци побара засолниште во Сребреница, каде што ги преживеа опсадата на заштитната зона на УН и погубувањето на речиси сите машки жители од страна на српските трупи. По војната студира политички науки на универзитетот во Сараево. Бил коресподент за неделникот ,,Дани“ кој излегува во Сараево и стипендист на Институтот за мировни истражувања и безбедносна политика на универзитет во Хамбург. Своите искуства ги има објавено во ,,Razglednica iz groba “, којашто беше преведена на седум јазици. Со финансиска поддршка на ТРАДУКИ во 2009 год. неговата книга излезе и на германски јазик под наслов ,,Srebrenica ‒ Notizen aus der Hölle“.