Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Хонет, Аксел

honneth_axel
© juergen-bauer.com
Аксел Хонет, роден 1949 год. во Есен, студирал филозофија, социологија и германистика во Бон и Бохум. Тој важи за еден од најекспонираните ученици на Јирген Хабермас и се вбројува во најважните живи претставници на Франкфуртската школа. Аксел Хонет е професор по филозофија на универзитетот ,,Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна и генерален директор на Институтот за социјални истражувања. Тој е коиздавач на ,,Германското списание за филозофија“, на ,,European Journal of Philosophy“ и на списанието ,,Constellations“. Главни полиња на неговиот научен интерес се социјалната филозофија и логиката на социјалните науки.