Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

 

ТРАДУКИ е европска мрежа за литература и книги, во која учествуваат Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Косово, Лихтенштајн, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Швајцарија.

Програмата за преведување белетристика, актуелна стручна литература, како и литература за деца и млади на XX и XI век треба да ја поттикне комуникацијата помеѓу учесниците. Особено внимание ќе се посвети на преведувачите, чие дејствување како важен културен медијатор му го даде и името на проектот. Средбите помеѓу авторите, преведувачите, издавачите, библиотекарите, критичарите и научниците треба да ја поттикнат европската и меѓурегионалната комуникација и да ја зајакнат кооперацијата.

Мрежата ТРАДУКИ е проект на Сојузното министерство за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, швајцарската фондација за култура ПроХелвеција, Сојузната канцеларска служба на Република Австрија, КултурКонтакт Австрија, Гете Институтот, фондацијата С. Фишер, Агенцијата за книги на Словенија ЈАК, Министерството за култура на Република Хрватска, Ресорот за култура на владата на кнежеството Лихтенштајн, Фондацијата за култура на Лихтенштајн, Министерството за култура на Албанија, Министерството за култура и информирање на Република Србија, Министерството за култура на Република Романија, Министерството за култура на Црна Гора, како и Саемот на книгата во Лајпциг.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d