Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Неделку, Октавија

nedelcu_octaviaOктавија Неделку, родена 1957 год. во Ченеј (Романија), студира на Факултетот за странски јазици и книжевности во Букурешт. Со трудот за делото на Милош Црњански во 1999 год. се здобива со докторската титула на Одделот за јужнословенски филологии и балканска лингвистика. Таа е универзитетски професор по српски јазик и книжевност и има објавено научни книги и текстови, како и рецензии по различни списанија за книжевност. Освен тоа таа е член на Здружението на писателите на Романија (Оддел за превод и толкување). Работи како преведувачка во стручните области белетристика и право и од време на време како консекутивен и симултан толкувач од српски, хрватски и босански јазик. Кон нејзините преводи се вбројуваат дела од: Светла Лукиќ, Светомир Рајков, Павао Павличиќ, Милош Црњански, Иванка Бернеде, Душан Ковачевиќ, Дубравка Угрешиќ, Иво Андриќ, Бора Чосиќ и Светислав Басара.