Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Арсенијевиќ, Владимир

arsenijevic_vladimirВладимир Арсенијевиќ е роден 1965 год. во Пула. Живее и работи како писател во Белград и е еден од најпознатите претставници на младата, алтернативна, прогресивна српска литературна сцена. Од 2000 до 2007 год. ја водеше белградската издавачка куќа ,,Ренде“, потоа се префрли во загрепската издавачка куќа ,,ВБЦ“, каде што е одговорен за претставништвото во Белград. Во 1994 год. Владимир Арсенијевиќ го објавува својот прв роман ,,U potpalublju“, првиот дел од тетралогијата ,,Cloaca Maxima“, за којшто ја доби наградата од ,,НИН“ и беше преведен на повеќе од дваесет јазици. Арсенијевиќ прво стана познат како колумнист и коосновач на здружението КРОКОДИЛ, кој од 2009 година во Белград го организира омилениот книжевен фестивал КРОКОДИЛ.