Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Худолин, Јуриј

hudolin_jurijЈуриј Худолин е роден 1973 година во Љубљана, каде што живее и работи како слободен писател, уредник, сценарист, новинар и  преведувач. Кон неговите публикации се вбројуваат збирките поезија: Če je laž kralj (1991), Ajdbog in ptičvolkkača (1992), Bestije (1993), Divjanje (1994), Prividi nemirnega čudaka (1994), Govori ženska (2001), Ljubezni (2009), Žival in lakaj najdeta ljubezen (2009), Čakanje revolucije in modrosti (2013), Prištinski dnevnik (2015) како и романите Objestnost (2005), Pastorek (2008), Vrvohodec (2011), Ingrid Rosenfeld (2013), Osnove ljubezni in zla (2016), книгата куси раскази Na kolodvorski ulici nič novega (2012) и збирката колумни Pusti ti to (2005). Од хрватски, српски и босански јазик има преведено повеќе од 30 книги, освен тоа е застапен во меѓународни списанија и антологии. Неговите колумни се објавени во значајни словенечки весници и списанија, а е сценарист на четиринаесет играни и документарни филмови. Преводи на неговите книги се објавени на англиски, чешки, унгарски, хрватски, албански, српски, босански и македонски јазик. За своето дело Јуриј Худолин е добитник на повеќе стипендиии, награди и признанија во земјата и во странство.