Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кадаре, Хелена

kadare_helena
© Helena Kadare

Хелена Кадаре е родена 1943 год. во  Фјер (Aлбанија). Завршила книжевност на универзитетот во Тирана и се занимавала со новинарска и издавачка дејност. 1970 год. го објавува својот прв роман.

Хелена Кадаре од 1990 год. со сопругот, албанскиот писател Исмаил Кадаре, живее во Париз. Таму го има напишано романот  ,,Една жена од Тирана“, којшто во 1995 год. беше преведен на француски јазик (Une femme de Tirana), а во 2009 год. со поддршка на ТРАДУКИ беше објавен и на германски јазик (Eine Frau aus Tirana).