Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кључанин, Зилхад

kljucanin_zilhad
© privat
Зилхад Кључанин е роден 1960 год. во Трнова кај Сански Мост (Босна и Херцеговина), а завршил студии по филозофија и социологија на универзитетот во Сараево и општа книжевност на универзитетот во Загреб. Докторирал во 2002 год. и предава на Педагошката Академија во Бихач и на Филозофскиот факултет во Тузла.

Зилхад Кључанин објавува поезија, проза и драми. Добитник е на бројни признанија, меѓу кои наградата ,,Мак-Диџар“ (1983,1985), книжевната награда ,,Босанске рјечи“ за најдобар роман (2000) и наградата од Здружението на писателите на Босна и Херцеговина (2000).