Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бургер, Адолф

burger_adolf
© Thierry Caro
Адолф Бургер, роден 1917 год. во Словачка, е изучен печатач и слагач. Во 1942 год. заедно со жена му го носат во Аушвиц, а две години подоцна добива прекоманда во работилницата за фалсификување во концентрациониот логор во Саксонија- Анхалт, каде што се фалсификуваат пари и документи во огромни количества. По ослободувањето од страна на сојузниците се враќа во Словачка, а денес живее во Прага.

Своите сеќавања Адолф Бургер ги запиша во една книга, којашто 1992 год. излезе под наслов ,,Работилницата на ѓаволот“. Во 2006 год. настана и играниот филм ,,Фалсификаторите“, којшто на доделувањето на наградата ,,Оскар“ во 2008 год. беше првиот австриски филм добитник на наградата за ,,Најдобар филм од странско говорно подрачје“.