Печати

Шадер, Базил

schader_basil
Базил Шадер е роден 1951 год. во Цирих. По студиите по германистика и европска етнологија во рамките на својата професионална дејност на Педагошката Академија Цирих сè поинтензивно се занимава со интеркултурна педагогија и во тој контекст доаѓа во тесен контакт со албанскиот јазик, култура и миграција. Во 2005 год. докторира по втор пат од областа на албанскиот јазик и книжевност. Од поголемите текстови досега има преведено една драма од Махир Мустафа, еден роман од Хелена Кадаре и волшебните Сеќавања од младоста на косовскиот автор Ариф Демоли.