Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Зицман, Александар

sitzmann_alexander
Александар Зицман, роден 1974 год. во Штутгарт, студирал скандинавистика и славистика во Виена, а истражува и предава на тамошниот универзитет. Од 1999 год. е активен како слободен преведувач од бугарски, македонски и скандинавските јазици. Автор е на две монографии од областа на науката за јазикот, издавач на повеќе антологии и тематски единици на списанија, вештак за Сојузното Министерство за настава, уметност и култура на Австрија, КултурКонтакт Австрија, како и за различни издавачки куќи во земјата и странство. Добитник е на почесната награда на Министерството за култура на Бугарија (2004), преведувачката премија на Сојузното Министерство за настава, уметност и култура на Австрија (2007, 2008, 2009) и на бројни стипендии.