Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Урошевиќ, Влада

urosevic_vlada
© Igor Isakovski
Влада Урошевиќ е роден 1934 год. во Скопје, е еден од најпознатите писатели и поети на Македонија. Завршил книжевност на универзитетот во Скопје, каде што 1987 год. се здобива и со докторска титула. 1982 год. е избран за професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Влада Урошевиќ бил издавач на списанието за книжевност ,,Разгледи“ и е член на Академијата Маларме од Париз, на Европската Академија на поезијата во Луксембург и на Македонската Академија на науките и уметностите. Во 2004 год. беше објавено комплетното издание на неговите дела. Влада Урошевиќ е преведен на бугарски, српски, словенечки, полски, француски и шпански јазик. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на наградите ,,Браќа Миладиновци“ (1967, 1973, 1986) и ,,Григор Прличев“ (1974, 1989).