Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Добреску, Мариус

dobrescu_marius
Мариус Добреску, роден 1951 год. во Браила (Романија), студирал албански јазик и книжевност во Тирана. По 1990 год. бил директор на Националната библиотека и работел за романските медиуми. Од 2001 год. го објавува списанието на албанската заедница цо Романија ,,Prietenul albanezului“. Како преведувач особено се посветува на делото на Исмаил Кадарес. Освен тоа ги има преведено Фахр Балиу, Теодор Лачо, Рамиз Гјини, Емир Ника и Стефан Чапалику. За своето преведувачко творештво во 2003 год. ја добива наградата на Здружението на писателите на Романија, а во 2006 год. ,,Сребрено перо“. Друштвото на албанско-американски писатели неодамна му ја врачи наградата ,,Златно перо“, а албанскиот министер за култура Џафери во 2010 год. го прогласи за Амбасадор на албанската култура во Романија.