Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Билопавловиќ Вуковиќ, Латица

bilopavlovic_latica
Латица Билопавловиќ е родена 1976 год. во Нова Градишка (Хрватска), студирала германистика и романистика во Загреб и Мајнц. Од 2002 год. работи како книжевна и телевизиска преведувачка и како градски водич во Загреб. Член на Здружението на книжевните преведувачи на Хрватска и на  Здружението на слободни уметници на Хрватска. Била на бројни работни и преведувачки престои во преведувачки куќи во Германија, Франција и Швајцарија, а учествуваше и на Преведувачката работилница на Литературниот колоквиум Берлин, каде што во 2007 ја доби стипендијата ,,Чекори“. Од германски јазик, меѓу другото ги има преведено: Јулија Франк, Даниел Кехлман, Марица Бодрожиќ, Бодо Кирххоф, Елке Шмитер, Тамара Бах и Владимир Каминер, од француски јазик: Моника Марон, Патрик Мондијано и Атик Рахими.