Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кадаре, Исмаил

kadare_ismail
© Joachim Röhm
Исмаил Кадаре, роден 1936 год. во јужноалбанскиот град Гирокстра, студирал книжевност во Тирана и Москва. До 1990 год. живеел во Тирана, а денес живее наизменично во Тирана и Париз. Книжевниот пробив го остварува со романот ,,Generali i ushtrisë së vdekur“, којшто беше филмуван во Франција со Марчело Мастројани и Мишел Пиколи. Член е на многу академии и со години е кандидат за Нобелова награда. За своето дело има добиено бројни награди, од кои последна наградата ,,Man Booker International Prize" (2005)  и наградата ,,Принц вон Астуриен“  (2009). Неговите романи се преведени на повеќе од триесет јазици.