Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Георгиева, Жела

georgieva_zhelaЖела Георгиева студирала словенска филологија (јужнословенски јазици и книжевности и руски јазик и книжевност). Работела како експерт, уредник и издавач за Народната библиотека Свети Кирил и Методиј, Радио Софија, Националното радио и издавачката куќа Отечество. Десет години била главен уредник на издавачката куќа Панорама и на истоимениот тромесечник – обете специјализирани оддели за превод од Друштвото на преведувачите на Бугарија. Жела Георгиева има преведено 40 книги од српски, 15 книги од хрватски и 15 книги од руски на бугарски јазик. Нејзините преводи се одликувани со највисоки признанија во земјата и странство, а за нејзиниот ангажман за развојот на бугарската книжевна сцена е многу почитувана.