Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Андриќ, Иво

andric_ivo
Иво Анриќ е роден 1882 год. во Травник (Босна и Херцеговина). Студирал славистика и историја во Загреб, Виена, Краков и Грац, каде што докторил во 1924 год. На почетокот на 20-етите години стапува во дипломатска служба. Ја претставува својата земја во Рим, Букурешт, Трст, Ѓенова, Мадрид и Берлин. Потоа се повлекува во Белград за да работи на своите романи.

Иво Андриќ најпрво пишува песни и раскази, сè додека во 1945 год. не достигнува светска слава со своите три романи ,,Мостот на Дрина“, ,,Госпоѓица“ и ,,Хроника на Травник“. Во 1961 год. ја добива Нобеловата награда за литература. Починува 1975 год. во Белград.