Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Пекиќ, Борислав

pekic_borislav
Борислав Пекиќ, роден во 1930 год. во Подгорица (Црна Гора), се вбројува во најзначајните српски писатели на ХХ век. Во 1948 год., непосредно по завршувањето на училиштето во Белград, бил осуден на самица на 15 години поради тоа што бил основач на ,,Југословенска демократска младост“. По неговото ослободување по само пет години започнал студии по психологија на универзитетот во Белград.

Борислав Пекиќ прво работел како сценски писател и автор на сценарија. Во 1965 год. го објавува својот прв роман. Потоа следуваат бројни романи, куси раскази, есеи и писма. Неговите дела се повеќекратно преведени на речиси сите европски јазици. Во 1971 год. Борислав Пекиќ се преселува во Лондон, каде што починува во 1992 год.