Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Попов, Алек

popov_alek
© Valentina Petrova
Aлек Попов, роден 1966 год. во Софија, студирал бугарска филологија, а меѓу другото работел како културно аташе во Амбасадата на Република Бугарија во Велика Британија и Северна Ирска. Освен тоа што е активен како писател, автор е и на редица раскази, сценарија и радио-драми. Делото на Попов е преведено на повеќе јазици и е одликувано со бројни книжевни награди, меѓу кои и со наградата ,,Хеликон“ за најдобро прозно дело 2002 год. (,,Мисија Лондон“). Неговиот втор роман ,,Черната кутија“ со седмици се наоѓаше на врвот на бугарските бестселери и во 2007 ја доби реномираната награда ,,Елијас Канети“. Алек Попов живее во Софија.