Печати

Савичевиќ-Иваничевиќ, Олја

savicevic_oljaОља Савичевиќ, родена 1974 година во Сплит (Хрватска), студира теорија на јазик и теорија на книжевност на универзитетот во Задар. Објавува поезија, куси раскази и романи, а за своите книги е добитник на повеќе награди. Нејзините дела се преведени на повеќе јазици и публикувани во Европа и САД. Нvејзината збирка раскази објавена во 2006 год. ,,Да се насмее пес“ беше одликувана од дневниот весник ,,Вијенац“ и од загрепската издавачка куќа ,,АГМ“со наградата за најдобро прозно дело од помладата генерација. Во 2007 год. авторката  ја добива реномираната награда ,,Ранко Маринковиќ“ од весникот ,,Вечерни лист“.