Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Селими, Милена

.

selimi_milenaМилена Селими, родена 1968 година во Тирана, студирала албански јазик и книжевност. Долги години работела во Радио Тирана, била уредничка во списанијата Култ, Јета и АБЦ, била коресподентка за Би-Би-Си, има напишано повеќе сценарија за детски театарски пиеси, а од 2013 година работи во Министерството за култура на Албанија. Милена Селими преведува од бугарски, италијански, македонски, српски и хрватски јазик и е авторка на романот Nata e një Gruaje и на збирката поезија Muzgu binjak me endrren. Покрај куси раскази, драми и поезија има преведено и книги од Едо Поповиќ, Алек Попов, Никола Маџиров, Владан Матијевиќ, Милен Русков и Огнен Спахиќ. Во 2010 година беше стипендистка во резиденцијалната програма поддржана од ТРАДУКИ „Марко Марулиќ“ во Сплит.