Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Баретиќ, Ренато

baretic_renato
© Mario Strmotic
Ренато Баретиќ е роден 1963 год. во Загреб и од 1983 год. работи како новинар. Од 1993 год. живее во Сплит и е еден од најважните колумнисти и најчитаните писатели во Хрватска. Во 1998 год. ја објави својата прва збирка поезија ,,Зборови од џеп“. Пет години подоцна излезе неговиот прв роман под наслов ,,Осмиот повереник“ , којшто беше одликуван со пет книжевни награди:  наградата ,,Владимир Назор“, со наградата ,,Август Шеноа“, наградата ,,Иван Горан Ковачиќ“, наградата ,,Ксавер Шандор Гјалски“ и наградата ,,Киклоп“. Романот ,,Осмиот комесар“ беше објавен во превод на македонски и српски јазик. Другите  негови романи ,,Зборувај ми за неа“ (2006) и ,,Гранд Хотел“ (2008) станаа бестселери во Хрватска.