Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Боие, Кирстен

boie_kirsten
© Ute Karen Seggelke
Кирстен Боие, родена 1950 год. во Хамбург, е една од најреномираните германски автори на романи за деца и младинци. Завршила германски и англиски јазик, а докторирала во областа на книжевноста на тема за раната проза на Бертолт Брехт. Најпрвин работела како учителка. Во 1985 год. ја објавува првата книга за деца ,,Пауле е среќлија“, којашто доживува вистински успех. Оттогаш има напишано повеќе од шеесет книги. Нејзините дела се преведени на многу јазици. Освен книги за деца и млади Кирстен Боие е автор и на помали сценарија за емисии за деца, на предавања и статии за различни аспекти на литературата за деца и младинци. Во 2007 год. за својот целокупен опус ја добива Специјалната германска награда за литература за млади.

website