Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Микулиќ, Милан

mikulic_milan
Mилан Микулиќ е роден 1949 год. во Ново Село (Кореница, Хрватска). Завршил училиште во Личко Петрово Село и во Загреб, студирал германски јазик на Педагошката академија, а потоа неколку семестри германистика и романистика на Филозофскиот факултет. Од 1971 год. работи како професор по германски јазик. Милан Микулиќ преведува од германски и романски јазик. Досега објавени преводи: ,,Песни за бесилка“ од Кристијан Моргенштерн и ,,Долги сенки“ од Maри Луизе Кашниц . За различни списанија и радија има препеано песни од Кристијан Моргенштерн, Ханс Арп, Марин Сореску, Михаел Кригер, Карл Кролов, Петер Хухел, Луцијан Блага, Гинтер Ајх и Валтер Хелмут Фриц.