Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Давидовиќ, Далибор

davidovic_dalibor
 Далибор Давидовиќ е роден 1972 год. во Нашице (Хрватска). Завршил музикологија на универзитетот во Загреб, бил стипендист на ДААД и докторирал на истиот отсек на универзитетот во Хамбург. Денес работи како доцент по музикологија на универзитетот во Загреб.

Далибор Давидовиќ е автор и издавач на повеќе научно-музички дела и преведува од германски на хрватски јазик. Досега преведени дела: ,,Висконти: Погледи во месо и крв" од Александар Гарсија Дитман, ,,Совремието на трагедијата: Обид за пресуда и игра" од Кристоф Менке и ,,Есхатологија на западот" од Јакоб Таубес.