Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Пантиќ, Михајло

pantic_mihajlo

Михајло Пантиќ е роден 1957 год. во Белград. Завршил студии на Филолошкиот Факултет на универзитетот во Белград и е писател, книжевен критичар и издавач на различни книжевни списанија, а покрај тоа и професор на Филолошкиот факултет на универзитетот во Белград и потпретседател на српскиот П.Е.Н. -центар.

Михајло Пантиќ има објавено бројни збирки раскази, куси раскази, критики и критичка проза. Неговите дела се повеќекратно наградени и преведени на повеќе од 20 јазици, меѓу другото на: француски, англиски, бугарски, словачки, македонски и унгарски јазик.