Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Лјапова, Русанка

ljapova_rusankaРусанка Лјапова е родена 1966 год. во Бургас (Бугарија), каде што завршила англиска гимназија. Во 1991 год. завршува студии по српско-хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот Факултет на универзитетот во Софија и оттогаш работи како лектор по српски јазик на универзитетите во Пловдив, Велико Трново и Софија, како и како доцент на Воената Академија во Софија. Од 1994 год. Русанка Лјапова е активна и како книжевен преведувач од српски хрватски, босански и македонски јазик. Досега има преведено повеќе од 40 книги (проза, поезија и драми), меѓу кои и текстови од: Миленко Јерговиќ, Мирослав Крлежа, Слободан Селениќ, Јелена Ленголд, Владимир Арсенијевиќ, Михајло Пантиќ, Борислав Пекиќ, Радослав Петковиќ, Роберт Перишиќ, Едо Поповиќ, Фарук Шехиќ, Татјана Громача, Давид Албахари, Дубравка Угрешиќ, Олја Савичевиќ-Иванчевиќ и Борис Дежуловиќ.