Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Костиќ, Александра

kostic_aleksandraАлександра Костиќ е родена 1968 год. во Загреб (Хрватска). Завршила филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Од 1996 год. работи како слободен преведувач на филозофски и текстови од сличен карактер од германски и англиски јазик. Повеќе години работела за Третата програма на Радио Белград, а потоа за повеќе невладини организации (Нова политичка мисла, Пешчаник, Фондацијата Фридрих Еберт, Белградски круг). Александра Костиќ објавува филмски критики и е член на меѓународното здружение на филмски критичари ,,ФИРЕСКИ". Меѓу другото го има преведено Петер Слотердијк (Im selben Boot, Sphären I), Јирген Хабермас (Nachmetaphysisches Denken), Томас Ман (Von Deutscher Republik) Макс Вебер (Politische Schriften), Хана Арент (Human Condition), Карл Густав Јунг (Das Rote Buch) и Аксел Хонет (Kampf um Anerkennung).