Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Видојковиќ, Марко

vidojkovic_marko
Марко Видојковиќ, роден 1975 год. во Белград, е еден од најчитаните српски автори. Завршил правни студии на Правниот факултет во Белград. Во 1998 год. почнува да пишува и прво објавува бројни куси раскази по списанија и антологии. Во 2001 год. излегува првиот негов роман ,,Танц на малите демони", во којшто го опишува детството на еден шеснаесетгодишен панкер.  Веќе следната година го објавува романот-продолжение ,,Ѓаволот е мојот другар". Познат станува со романот ,,Канџи" (2004), којшто за кусо време доживеа пет изданија и беше овенчан со наградите: ,,Златен бестселер" и ,,Кочиќево перо". Неговите дела се преведени на англиски, германски и словенечки јазик.