Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Угрешиќ, Дубравка

ugresic_dubravka
© Željko Koprolčec
Дубравка Угрешиќ е родена 1949 год. во денешна Хрватска. Студирала на Филозофскиот факултет на Загрепскиот универзитет , каде што повеќе од 20 години работела на Институтот за теорија на книжевноста. Во 1993 год. од политички причини морала да емигрира. Била доцент на различни европски и американски универзитети, а сега живее како слободен писател во Амстердам. Дубравка Угрешиќ е позната по нејзините куси раскази, романи и политички есеи. Редовно пишува за ,,НРЦ Хаделсблад", ,,Вриј Недерланд', ,,Ди Цајт" и ,,Летр Интернасионал" и е добитник на бројни награди , меѓу кои и австриската државна награда за европска книжевност во 1999 год. и на ,,Премио Феронио-Чита ди Фиано" во Италија 2004 год. Нејзините книги се преведени на повеќе од 20 јазици.

http://www.dubravkaugresic.com