Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Јорданова, Калина

jordanova_kalina
Калина Јорданова е родена 1978 год. во Ловеч (Бугарија). Студирала психологија на универзитетот ,,Свети Климент Охридски" во Софија и завршила магистерски студии на отсекот ,,Централно и југоисточни европски студии" на Универзитетскиот Колеџ во Лондон. Моментално работи како психотерапевт во Софија со жртви на тортура, домашно насилство и трговија со луѓе.

Калина Јорданова има објавено повеќе текстови за трансмисија и манифестација на трауми кај преживеаните бугарски работници под присила. Преведува од српски и англиски на бугарски јазик. Последната книга на која има работено е преводот на романот ,,Канџи" од Марко Видојковиќ.