Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мачек, Амалија

macek_amalija
Амалија Мачек е родена во Љубљана (Словенија), студирала германски и шпански јазик. Таа е член на управниот одбор на Здружението на книжевни преведувачи на Словенија и работи на Катедрата за теорија на превод на Филозофскиот факултет во Љубљана како координатор на магистерските студии по Конференциско толкување. Освен тоа работи и за комисијата на Агенцијата за книги на Словенија за меѓународна соработка и е претседател на новооснованиот Клуб на преведувачи и толкувачи од словенечки на германски јазик.

Амалија Мачек има преведено бројни дела од германски на словенечки јазик, а меѓу нив и автори како: Бертолт Брехт, Франц Кафка и Ингеборг Бахман.